Сите вести Вест

Manufacturing 2026: ДигитМак и можностите за дигитална трансформација на производствените компании

Европскиот дигитален иновациски хаб ДигитМак, во партнерство со Македонското здружение на металната и електроиндустријата (МАМЕИ) и Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), е коорганизатор на годишната индустриска конференција „Manufacturing 2026: Transformation Towards Innovation“, која ќе се одржи на 30 октомври 2026 година во Т-Арена (спортски центар „Борис Трајковски“) во Скопје, во рамки на меѓународниот саем за техника, технологија, енергетика и иновации ENERGO – TECHNOMA 2026.

Конференцијата ќе биде посветена на актуелните предизвици и можности во преработувачката индустрија, вклучително и дигитализацијата, автоматизацијата, примената на вештачката интелигенција, инвестициите во нови технологии и развојот на вештините потребни за современото производство.

Посебен фокус ќе биде ставен на можностите за раст на извозот и зајакнување на конкурентноста на меѓународните пазари, како и на примената на концептот Индустрија 4.0 во производствените процеси. Во рамки на програмата, ДигитМак и Стопанската комора на Северна Македонија ќе ги водат сесиите посветени на овие теми, со акцент на можностите за соработка со регионалните европски дигитални иновациски хабови (EDIH).

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со пристапот „Тестирај пред да инвестираш“ (Test Before Invest), кој овозможува тестирање технологии пред донесување инвестициски одлуки, како и со проценката на дигиталната зрелост (Digital Maturity Assessment – DMA), преку која компаниите ги идентификуваат своите потреби и можностите за понатамошна дигитална трансформација.

Конференцијата ќе ги обедини претставниците на производствените компании, институциите, деловната заедница и експертите од земјата и странство, со цел да поттикне размена на знаења и искуства за модернизацијата на производството, развојот на иновациите и создавањето нови можности за соработка. Овогодишното издание се надоврзува на конференцијата „Manufacturing 2025 – Од nearshoring кон идните модели на производство“, ставајќи го во фокусот преминот кон поиновативни, поефикасни и поконкурентни производствени модели.

Пријавување

Заинтересираните учесници можат да се регистрираат за конференцијата преку следниот линк.

Уште вести

Прочитајте следно

Вест