European Digital Innovation Hub

Забрзана дигитална трансформација со вештачка интелигенција

DigitMak ги поврзува малите и средни претпријатија, стартапите и институциите со најновите технологии, стратешки партнерства и стручна поддршка — сè на едно место.

8+
Партнери
36
Месеци времетраење
2
Хаба (Скопје + Тетово)
AI · „Прв AI help-desk во земјата"
Тest · „Тестирај пред да инвестираш"
1 · „One-Stop-Shop портал"
Кои сме ние

Европски центар за дигитални иновации, посветен на вештачката интелигенција

DigitMak е обединет Европски центар за дигитални иновации (EDIH) составен од двата постојни центри — DigitMak Хаб во Скопје и SEEU TechPark Хаб во Тетово. Со здружени сили покриваме поширок дел од Северна Македонија и таргетираме повеќе чинители.

Ги таргетираме малите и средни претпријатија, mid-cap компаниите и организациите од јавниот сектор, особено оние што работат во региони надвор од главниот град. Хабот функционира како one-stop-shop и порта кон Мрежата за сите наши клиенти.

Нудиме сеопфатно портфолио на EDIH услуги со вградена AI димензија: Тестирај пред да инвестираш, Обуки и развој на вештини, Поддршка за наоѓање инвестиции и Вмрежување и пристап до иновациски екосистеми. Со силни врски со европските AI инфраструктури и националните чинители, ја забрзуваме примената на вештачката интелигенција преку инклузивни, одржливи и човекоцентрични пристапи.

Seal of Excellence Избран преку престижната европска патека
Нашите услуги

Четири столба на EDIH поддршка

Сеопфатно портфолио на услуги со вградена AI димензија — од првична проценка, преку тестирање и обуки, до инвестиции и вмрежување.

01 — EDIH

Тестирај пред да инвестираш

Овозможуваме пристап до дигитална трансформација, експертиза, управување со податоци и тестирање — во лаборатории и во реални средини — пред да донесете инвестициска одлука.

  • AI-поддржан дизајн на решенија и оптимизација на процеси
  • Пристап до лаборатории за прототипирање и тестирање
  • Proof-of-concept, pre-engineering и краткорочни пилоти
  • Sandbox пристап за AI тестирање
  • Насочување кон EuroCC HPC и AI фабрики по потреба
02 — EDIH

Обуки и развој на вештини

Градиме дигитални вештини и знаење кај компаниите и јавните организации преку прилагодени обуки, работилници и онлајн ресурси.

  • Кастомизирани програми за обука според потребите
  • LMS платформа со отворени курсеви за дигитални вештини
  • Train-the-trainer настани
  • Тематски работилници: дигитализација, AI, пристап до финансии, кружна економија
03 — EDIH

Поддршка за наоѓање инвестиции

Им помагаме на клиентите да го обезбедат потребното финансирање за дигитална трансформација — јавни грантови, приватен и ризичен капитал, crowdfunding.

  • Советодавни услуги за пристап до европски, јавни и приватни финансии
  • Онлајн база на можности за финансирање со претплата за известувања
  • Поддршка при подготовка на апликации за грантови
  • Менторство, работилници за подготвеност и Investment Pitching
04 — EDIH

Вмрежување и пристап до екосистеми

Го зајакнуваме вмрежувањето со други EDIH-и, градиме капацитети и создаваме иновациски екосистем.

  • Прв AI help-desk во земјата — брзо водство за AI подготвеност и усогласеност
  • Дигитален и AI кластер екосистем во просториите на DigitMak
  • Проценка на дигитална зрелост (DMA алатка)
  • Дизајн на патоказ за дигитализација
  • Регуларни настани и партнерства со други EDIH-и
0+
Опслужени клиенти
0M€
Вкупен буџет на проектот
0
Партнери во конзорциумот
0
Хаба (Скопје + Тетово)
Како работиме

Патека на клиентот

Од првичен контакт до целосна дигитална трансформација — ве водиме на секој чекор.

Проценка на потреби

Идентификуваме конкретни потреби преку онлајн/на лице место посети и анализа на побарувачката.

Дигитална зрелост

Ја оценуваме вашата дигитална подготвеност со DMA алатката и добивате персонализиран извештај.

Патоказ за дигитализација

Заедно дизајнираме персонализиран акциски план и чекори за дигитално решение.

Имплементација и поддршка

Ве поддржуваме со тестирање во лаборатории, обуки и наоѓање инвестиции.

ЧПП

Често поставувани прашања

DigitMak е Европски центар за дигитални иновации (EDIH) во Северна Македонија, со засилен фокус на вештачка интелигенција. Функционираме како one-stop-shop за поддршка на дигиталната трансформација.
Малите и средни претпријатија, mid-cap компаниите, стартапите и организациите од јавниот сектор — особено оние од регионите надвор од главниот град.
DigitMak е кофинансиран од Европската Унија, што овозможува голем дел од услугите да бидат достапни без директен трошок за клиентите. За специфични услуги е достапен ценовник на барање.
Контактирајте нè преку формата или e-mail. Првиот чекор е проценка на потреби, по што следи проценка на дигиталната зрелост и персонализиран патоказ.
Пред да инвестирате во нова технологија, ви овозможуваме да ја тестирате во нашите лаборатории и во реални средини — со proof-of-concept, пилоти и пристап до опрема.

Подготвени за дигитална трансформација?

Контактирајте нè денес и започнете го патувањето кон паметна, AI-поддржана иднина за вашата организација.

Наскоро — следете нè за новости.