ДигитMак и дигиталната трансформација на бизнис-секторот во фокусот на средба во Стопанската комора
Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМак беше претставен пред компаниите членки на органите и телата на Стопанската комора на Северна Македонија, во рамки на средбата со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. На средбата се разговараше за можностите за дигитализација на деловните процеси, примената на новите технологии и поддршката за иновации во домашните компании.

Средбата се одржа на иницијатива на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, при што министерот Андоновски го презентираше проектот „Дигитална трансформација на приватниот сектор во Македонија“ и достапните електронски услуги и решенија за компаниите.
Претставувањето на ДигитМак пред бизнис-заедницата е можност компаниите да се запознаат со поддршката што им е достапна за воведување дигитални технологии, развој на иновативни решенија и унапредување на нивното работење.

Во текот на средбата, Азески ја истакна важноста на дигитализацијата за намалување на административниот товар, заштеда на време и зголемување на конкурентноста и извозниот потенцијал на компаниите. Тој најави и договор за формирање оперативно тело составено од претставници на Стопанската комора и Министерството, кое ќе работи на идентификување на слабостите во постојните дигитални процеси и нивно унапредување.
Министерот Андоновски информираше дека на Националниот портал за електронски услуги се достапни околу 360 услуги, од кои приближно 110 се наменети за правните лица. Во подготовка е и регистар на овластувања, преку кој компаниите ќе можат да овластуваат вработени и други претставници да користат електронски услуги во нивно име.

На средбата беа разгледани и можностите за дигитализација на лиценците и регистрите, поддршката преку европските дигитални иновациски хабови и новите програми за финансирање иновативни проекти и развој на решенија засновани на вештачка интелигенција. Во таа насока, Андоновски најави поддршка за иновациски проекти во вкупна вредност од околу 25 милиони евра, во рамки на европскиот проект „Competitiveness and Business Facility“, за периодот 2026-2030 година.
Прочитајте следно
Вест
Manufacturing 2026: ДигитМак и можностите за дигитална трансформација на производствените компании
Европскиот дигитален иновациски хаб ДигитМак, во партнерство со Македонското здружение на металната и електроиндустријата (МАМЕИ) и…
Прочитај
Вест
DigitMak на европската сцена: Нашиот модел на поддршка претставен во Јилих и Дортмунд
Во текот на септември 2026 годдина, Европскиот центар за дигитални иновации – DigitMak беше претставен на…
Прочитај
Вест
Во чекор со дигиталната иднина: Industry Meetup на ДигитМак
ДигитМак одржа Industry Meetup на 25 септември во хотелот Холидеј Ин во Скопје, во рамки на…
Прочитај