ДигитМак одржа Industry Meetup на 25 септември во хотелот Холидеј Ин во Скопје, во рамки на конференцијата MicroBalkans 2026 – Lending Reimagined.

Настанот беше посветен на дигиталната трансформација и можностите за унапредување на дигиталните капацитети на компаниите и институциите во Северна Македонија, со посебен фокус на примената на новите технологии во финансискиот сектор.
Во рамки на првата сесија, учесниците имаа можност да се запознаат со поддршката и услугите што ги нуди ДигитМак, како и да учествуваат во работилница посветена на дигиталната трансформација. Преку алатката Digital Maturity Assessment (DMA), компаниите и институциите имаа можност да добијат увид во своето ниво на дигитална зрелост и да ги идентификуваат областите со потенцијал за понатамошен развој.


Програмата продолжи со сесија посветена на регулаторните и технолошките промени што го обликуваат дигиталниот простор, со фокус на EU AI Act и eIDAS 2.0, односно развојот на европскиот дигитален идентитет и дигиталниот паричник.
Централниот дел од настанот беше панел-дискусијата „Дигитална Македонија и иднината на финансиските услуги – ДигитМак како предводник на дигиталната иднина“, на која се дискутираше за развојот на дигиталните технологии, вештачката интелигенција и нивната улога во трансформацијата на финансиските услуги и пристапот до финансирање.

На панелот учествуваа м-р Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација; проф. д-р Петре Ламески, декан на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ и координатор на ДигитМак; Едмира Хана од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) која воедно е и асоцијативен член на ДигитМак; и проф. д-р Димитар Трајанов од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ и координатор на Фабриката за вештачка интелигенција „Везилка“.

Разговорот ги опфати можностите што дигитализацијата и вештачката интелигенција ги отвораат за бизнис-секторот, потребата од развој на дигитални капацитети и значењето на соработката меѓу институциите, академската заедница и компаниите во создавањето на поиновативен и поконкурентен економски амбиент.

Со овој Industry Meetup, ДигитМак уште еднаш ја истакна својата улога во поддршката на компаниите и институциите во процесот на дигитална трансформација и во поврзувањето на различните чинители околу можностите што ги носат новите дигитални технологии.

Прочитајте следно
Вест
Фондацијата МИР учествуваше на Apply AI Summit 2026 во Брисел – европски самит посветен на примената на вештачката интелигенција
На 17 ноември 2026 година, во Брисел, Белгија, се одржа Apply AI Summit 2026, значаен европски…
Прочитај
Вест
ДигитМак ја зајакнува регионалната иновативна соработка преку стратешки партнерства со AgroDigiRise и EDIHCS
Европскиот дигитален иновациски хаб (EDIH) ДигитМАК ја зајакнува регионалната и прекуграничната соработка преку потпишување на два…
Прочитај
Вест
Manufacturing 2026: ДигитМак и дигиталната трансформација на производствените компании
На 30 октомври во Скопје се одржа годишната конференција „Manufacturing 2026: Transformation Towards Innovation“, организирана во…
Прочитај
