Одржан првиот тренинг за тренери во рамки на DIGITMAK: Од проценка на дигиталната зрелост до практична поддршка
На 9 јули 2026 година, во Business & Innovation Center (BIC) при SEEU TechPark во Тетово, се одржа првиот тренинг за тренери во рамките на DIGITMAK. Настанот го означи почетокот на програмата за развој на знаењата и вештините на професионалците кои се вклучени во обезбедувањето услуги преку DIGITMAK.

Во текот на полудневната сесија, учесниците се запознаа со пристапот и методологијата на програмата, нејзините цели, начинот на сертификација и планот за следните активности. Посебен акцент беше ставен на размената на знаења и искуства, како и на развојот на практични вештини за подготовка и реализација на обуки.
Еден од главните фокуси на тренингот беше проценката на дигиталната зрелост (Digital Maturity Assessment). Учесниците се запознаа со процесот на спроведување на проценката и со начинот на кој нејзините резултати можат да се користат за подобро разбирање на дигиталните потреби на компаниите и јавните организации.
Практичниот дел вклучуваше работа со алатката за проценка на дигиталната зрелост и вежба за нејзина имплементација преку EDIH платформата. Беше опфатен и начинот на проверка и толкување на резултатите, како и нивното поврзување со понатамошни активности и услуги.
Во рамките на тренингот беа претставени и услугите на DIGITMAK поврзани со Digital Roadmap и Test-Before-Invest, со што учесниците добија поширок увид во начинот на кој различните услуги се поврзуваат со потребите на корисниците.
Преку презентациите, практичната работа и заедничките дискусии, тренингот придонесе кон усогласување на пристапите и подобра подготовка на учесниците за нивната понатамошна работа во рамките на DIGITMAK.

Првиот тренинг претставува почеток на серијата активности насочени кон континуирано развивање на знаењата, практичните вештини и капацитетите потребни за обезбедување квалитетни услуги за дигитална трансформација.
Прочитајте следно
Вест
DigitMak на европската сцена: Нашиот модел на поддршка претставен во Јилих и Дортмунд
Во текот на септември 2026 годдина, Европскиот центар за дигитални иновации – DigitMak беше претставен на…
Прочитај
Вест
Во чекор со дигиталната иднина: Industry Meetup на ДигитМак
ДигитМак одржа Industry Meetup на 25 септември во хотелот Холидеј Ин во Скопје, во рамки на…
Прочитај
Вест
Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување како дел од конзорциумот DigitMak, учествуваше на европски настан посветен на примената на вештачката интелигенција за иновации, ефикасност и одржливост
Денес, 17 септември 2026 година, Емилија Андонова од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, како претставник…
Прочитај


