ДигитМак ве поканува на настанот „Industry meetup“, посветен на дигиталната трансформација и можностите за унапредување на дигиталните капацитети на компаниите и институциите во Северна Македонија.

Настанот ќе биде можност за претставување на услугите и можностите за поддршка што ги нуди ДигитМак, како и за размена на перспективи за улогата на дигитализацијата и новите технологии во развојот на бизнис-секторот.
Посебен фокус ќе биде ставен на дигиталната трансформација во финансискиот сектор и можностите што дигиталните технологии, вклучително и вештачката интелигенција, ги отвораат за поиновативни финансиски услуги и подобар пристап до финансирање за малите и средните бизниси.
Во рамки на настанот, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со поддршката што ја нуди ДигитМак, да учествуваат во работилница за дигитална трансформација и да добијат проценка на дигиталната зрелост на својата компанија или институција преку алатката Digital Maturity Assessment (DMA).
Настанот ќе се одржи на 25 септември 2026 година (петок), со почеток во 9:00 часот, во хотел Холидеј Ин Скопје, како специјална панел-дискусија во рамки на конференцијата MicroBalkans 2026 – Lending Reimagined.
MicroBalkans 2026 е регионална конференција посветена на иднината на финансирањето и дигиталната трансформација во финансискиот сектор, која ќе собере претставници од финансискиот и технолошкиот сектор, инвеститори, стартапи, микро, мали и средни претпријатија и релевантни институции и организации од регионот.
Пријавување
За учество на настанот, ве молиме контактирајте ги:
Даниел Матракоски
daniel@mchamber.mk | 02/3244-043
Татјана Штерјова Душковска
tatjana@mchamber.mk | 02/3244-065

Прочитајте следно
Вест
Manufacturing 2026: ДигитМак и дигиталната трансформација на производствените компании
На 30 октомври во Скопје се одржа годишната конференција „Manufacturing 2026: Transformation Towards Innovation“, организирана во…
Прочитај
Вест
ДигитMак и дигиталната трансформација на бизнис-секторот во фокусот на средба во Стопанската комора
Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМак беше претставен пред компаниите членки на органите и телата на…
Прочитај
Вест
Manufacturing 2026: ДигитМак и можностите за дигитална трансформација на производствените компании
Европскиот дигитален иновациски хаб ДигитМак, во партнерство со Македонското здружение на металната и електроиндустријата (МАМЕИ) и…
Прочитај