Одржан вториот тренинг за тренери во рамки на DIGITMAK: Кон интегриран пристап во поддршката на клиентите
На 10 септември 2026 година, во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија во Скопје, се одржа вториот тренинг за тренери во рамките на DIGITMAK. Настанот беше посветен на унапредување на знаењата и вештините на професионалците кои се вклучени во обезбедувањето услуги преку DIGITMAK, со фокус на заедничкиот и координиран пристап во поддршката на клиентите.

Во текот на полудневната сесија, учесниците се запознаа со целокупниот процес на поддршка на клиентите – од првиот контакт и идентификувањето на потребите, преку проценка на дигиталната зрелост и подготовка на Digitalisation Roadmap, до изборот и обезбедувањето на соодветни услуги. Фокусот беше ставен на тоа како различните услуги и експертиза во рамките на DIGITMAK можат да се поврзат во зависност од конкретните потреби и приоритети на клиентот.
Практичниот дел вклучуваше вежби и примери преку кои учесниците имаа можност да го применат овој пристап и да разгледаат како различни услуги можат да се надоврзат во процесот на поддршка. Беше дискутирано и за улогата на партнерите, нивните области на експертиза и начинот на кој клиентите можат да бидат упатени кон соодветна дополнителна поддршка.

Беше опфатено и прашањето на континуитетот во поддршката на клиентите, вклучително и преку користење на DIGITMAK CRM и заеднички оперативни алатки. На овој начин, поддршката може да продолжи и по реализацијата на една услуга, во согласност со понатамошните потреби на клиентот.


Преку презентациите, практичната работа и заедничките дискусии, тренингот придонесе кон подобро разбирање на начинот на кој партнерите и нивните услуги можат да се поврзат во една поефикасна и посеопфатна поддршка за компаниите и организациите.

Вториот тренинг претставува продолжение на серијата активности насочени кон континуирано развивање на капацитетите на DIGITMAK партнерите и унапредување на квалитетот на услугите за дигитална трансформација.
Прочитајте следно
Вест
Одржан првиот тренинг за тренери во рамки на DIGITMAK: Од проценка на дигиталната зрелост до практична поддршка
На 9 јули 2026 година, во Business & Innovation Center (BIC) при SEEU TechPark во Тетово,…
Прочитај
Вест
DigitMAK, УКИМ и БАУ се сретнаа со ICT Hub Србија во Скопје за поттикнување на дигиталните иновации во Македонија
Оваа недела во Скопје се одржа важен состанок помеѓу DigitMAK Центарот за дигитални иновации, претставници од…
Прочитај
Вест
Повик за изразување интерес за користење услуги на DigitMAK
DigitMAK – Европскиот центар за дигитални иновации ги повикува микро, малите и средните претпријатија, малите компании…
Прочитај
