Настани

Иднината на дигиталните иновации – симпозиум за соработка со академијата и индустријата

Датум: Среда, 02.10.2024 

Локација:  Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

ул. Руѓер Бошковиќ 16, 1000 Скопје, Република Северна Македонија

Регистрирај се ТУКА by 27.09.2024

Во име на сите партнери на ДигитМак, со задоволство ве покануваме на нашиот претстоен настан, „Иднината на дигиталните иновации – симпозиум за соработка со академијата и индустријата“, во среда – 02 октомври 2024 година, во 09:00 часот.

Поттикнати од  потребата на нацијата за зајакнување на дигиталната подготвеност и капацитетите во бизнисите и јавните организации, оваа конференција е наменета за клучните чинители од академијата и од индустријата со цел да го истражат заедничкиот потенцијал на дигиталните иновации и да поттикнат нови партнерства.

На конференцијата ќе споделиме информации за новоформираниот Центар за дигитални иновации - ДигитМАК, вклучувајќи ги неговите основни цели како и услугите што ги нуди за поддршка на дигиталната трансформација низ различни сектори.

Преку неколку панел дискусии и презентации ќе опфатиме важни теми како што се претстојните отворени повици за предлог проекти и европските иницијативи за корпоративни иновации, како и презентација на програмите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) дизајнирани за поддршка на иновации и раст. Дополнително, ќе разговараме за конкретните можности на EIT (European Institute of Innovation and Technology) кои се достапни за македонската бизнис заедница како и искуствата за поттикнување на соработка и развој од EEN (Enterprise Europe Network) и УНИКА, мрежа на универзитети на главни градови од Европа.

На конференцијата ќе го прикажеме значителниот напредок во рамките на проектот EuroCC,2 кој има за цел да ги подобри европските способности за пресметување со високи перформанси и вештачката интелигенција. Исто така, ќе има и сесија фокусирана на суштинските аспекти на правата на интелектуална сопственост за да ги води организациите во заштитата на нивните иновации.

По главната програма, ќе има можности за кратки состаноци, фокусирани на услугите на ДигитМак, вклучувајќи:

  • Проценка за иновативната зрелост на компаниите 
  • Образовни и тренинг програми 
  • Дигитализација и дигитални услуги
  • Пристап до финансии

Со нетрпение го очекуваме вашето учество во оваа иницијатива, која има за цел да го премости јазот помеѓу академијата и индустријата и да го поттикне развојот на дигиталните иновации.

Ве молиме потврдете го Вашето присуство најкасно до 27.09.2024 со пополнување на формата на линкот..

Агенда - 02.10.2024

ЧасАктивностПредавачи
9:00 – 9:30Регистрација
9:30 – 9:45Отварање на настанотМ-р Стефан Андоновски - Министер за дигитална трансформација
9:45 – 10:00ДигитМак (Дигитален Иновациски Хаб)- цели и сервисно портфолиоПроф. Петре Ламески - Продекан за наука и соработка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје,  координатор на ДигитМак
10:00 – 10:10 EIT Food повик - Корпоративни иновацииНикола Огненовски- EIT Community RIS Hub in North Macedonia  
10:10 – 10:40ЕБОР програмиМаја Столевска Костадинова - ЕБОР
10:40 – 11:00Кафе пауза
11:00 – 12:00Сесија 1 – EIT можностиMarta Kaczmarek – Director, Cross-KIC Strategic Regional Innovations, EIT Health

Adam Strzelecki- EIT Food

Piotr Pawelec – EIT Innoenergy
Smart Learning Factory

Nikola Ognenovski EIT Community RIS Hub in North Macedonia  
12:00-12:10Пауза
12:10 – 12:30Сесија 2 – EENПроф. Виктор Стојмановски, проектен координатор ЕЕНОМА 
12:30 – 12:50Сесија 3 – UNICAProf. Sorin Costreie, President of UNICA, Network of Universities from the Capitals of Europe

Prof. Luciano Saso, Secretary General
12:50 – 13:30Кафе пауза
13:30 – 14:30Сесија 4 – проект EuroCCПроф. Боро Јакимовски, декан на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје
14:30 – 15:00Сесија 5 - Права на интелектуална сопственостDr. Adrian Bradley, Cleveland Scott York
15:00 – 17:00Можности за брзи состаноци за DIH услуги:
– Проценка
– Едукација
– Дигитализација
– Пристап до финансии
Коктел и вмрежување

Дигитален центар за иновации (DIH)-DigitMak

За ДигитМак – Дигитален Иновациски Хаб

Како одговор на потребата на нацијата за зајакнување на дигиталната подготвеност и капацитетите во бизнисите и јавните организации, формиран е Центарот за дигитални иновации - ДигитМак како конзорциум од четири партнерски институции. Секоја од нив носи уникатна експертиза во услугите за поддршка на дигиталната трансформација, вклучително и основната инфраструктура:

  • Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • Бизнис акцелератор УКИМ – БАУ
  • Стопанската комора на Северна Македонија
  • Фондација за менаџмент и индустриски истражувања - MIR

Конзорциумот ќе имплементира насочена стратегија насочена кон градење капацитети и обезбедување услуги со додадена вредност кои се усогласени со целите на Програмата за Дигитална Европа. Фокусот ќе биде ставен на подобрување на дигиталната трансформација, одржливост, раст, продуктивност и конкурентност на приватните и јавните субјекти поддржани од ДигитМак.

Центарот за дигитална трансформација DigitMak ќе биде вклучен во сите фази на дигиталната трансформација на компанијата, од анализа на дигиталната зрелост (дијагноза), до развој и имплементација на дигитална стратегија преку:

  • Користење на методологија за проценка на иновативното и дигиталното ниво на компаниите
  • Подготовка на стратегија за дигитална трансформација
  • Образовни и тренинг програми
  • Дизајн и имплементација на дигитализација и дигитални услуги
  • Пристап до финансии

Запознајте ги говорниците

mk_MKMacedonian